Фаучи во 2017-та го предупредил Трамп за „изненадувачка епидемија во следните неколку години“?

Физиологот и епидемиолог д-р Ентони Фаучи – директор на американскиот Национален институт за алергии и заpaзни болести – NIAID, (кој од почетокот на епидемијата прерасна во херој во очите на многу Американци и во моментов е еден од најпочитуваните во администрацијата на Доналд Трамп и воедно е првиот човек на САД кој ја предводи борбата против коронавирусот), уште во јануари 2017 година ги предупредил членовите на тогаш претстојната администрација на Трамп за неизбежноста од „изненадувачка епидемија“ на нова болест. САД мораат да направат повеќе за да се подготват, рекол тогаш Фаучи, пренесува Business Insider.

 

„Нема дилема дека ќе има предизвик за претстојната администрација во полето на инфективни болести“, Фаучи рекол во говор на Универзитетот Џорџтаун, додавајќи: „она за што сме особено уверени е дека ќе видиме такво нешто во следните неколку години“.

Фаучи, поконкретно, ги посочил ризиците од непознати болести, вклучително и оние од веќе постоечки и болести во подем. Борбата против инфективните болести, рекол Фаучи, е постојан предизвик. Тој истакнал дека минатите епидемии, како Зика и ХИВ/СИДА можат да послужат како лекции за претстојната администрација (* Фаучи го предводи NIAID од 1984 година наваму и советувал шест американски претседатели во време на здравствени кризи).

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

„Историјата на последните 32 години колку што сум директор на NIAID ќе ѝ покаже на следната администрација дека нема дилема, кај ниту еден од нас, дека тие ќе се соочат со предизвиците со кои се соочија и нивните претходници“, рекол Фаучи во говорот.

Докторот апелирал администрацијата на Трамп да ги подготви САД за таквите предизвици пред тие да се појават, преку подобрување на глобалните системи за здравствен надзор, инвестирање во истражувања и издвојување на фондови за вонpeдни ситуации.

- Реклама -