ФАЦ: Македонците се вештачка нација, а Бугарите се дар од Бога

Историјата на Балканот е моќ – оној кој ќе го отфрли ова клише, всушност му подлегнува на клишето. Весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) на овој начин ја отвора анализата за влијанието на историјата во балканските спорови но, уште поважно, за инструментализацијата на таа историја од страна на политичари и, особено, историчари задолжени „да им служат на народот и државата“, а не на научната вистина.

Поводот е токму историскиот спор кој Бугарија и го наметнува на Северна Македонија како услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ, пренесува „Дојче веле“.

Како прв пример за таквата моќ на историјата ФАЦ го наведува поранешниот грчки премиер Константинос Мицотакис кој во 1993 година паѓа од власт затоа што „многу меко“ настапува во спорот за името со соседна Македонија. Во 2018 година, со Преспанскиот договор, Македонија го менува името во Северна Македонија, а Грција го признава постоењето на македонскиот народ и јазик, наведува весникот. Но, сега Бугарија го продолжува идентитетскиот спор, атакувајќи ги токму јазикот и идентитетот на Македонците, поставувајќи ги како услов за ЕУ.

Прочитајте и:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не функционира со ултиматуми и рокови

„Софија ќе ја повлече заканата за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив: притоа, македонската е една „вештачка нација“- наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, падната од небото или создадена преку осмоза“, пишува ФАЦ. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -