Фатил 34 натпревари, го зезнал само Реал Мадрид против ЦСКА. Еве колку ќе добиел (ФОТО)

Хрват од градот Имотски веројатно засекогаш ќе го проколнува актуелниот европски првак Реал Мадрид. Минатата недела Хрватот одиграл ливче со 35 натпревари и погодил 34 од нив. Единствена промашен му бил Реал Мадрид – ЦСКА од последното коло од групната фаза во ЛШ, во кој шампионот загуби со 0:3.

На ливчето Хрватот одиграл натпревари од целата недела, а ако не бил поразот на Реал, петардата на Барселона против Леванте (која ја чекал во недела вечерта) ќе му донесела 444.000 куни (59.972 евра) на вложени само 10 куни (1.35 евра).

Коефициентот за победа на Реал бил 1.23, а иако на кралскиот клуб не му беше неопходна победата, Хрватот верувал дека шампионот нема да потфрли против ЦСКА.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

 

- Реклама -