Момаков си гледа своја работа и си мкне некаква кеса во вечерните часови некаде на тротоар на непозната локација во светов. Одеднаш до него застанува кола. Намерите на тие во колата не се познати, ама сигурно не се добри, затоа што дечково веднаш почнува да бега. Меѓутоа, токму стратегијата на бегање е тоа што воодушевува во ситуацијава:
Прво фаќа да трча назад, приморувајќи ги овие во автомобилот да се враќаат рикверц. Потоа менува правец кон напред, што му дава мала предност да ја претрча улицата. Таму ја користи колата од спротива како штит и повторно почнува да трча назад, изчезнувајќи некаде зад хоризонтот на овие што го бркаат. За целосен ефект, пуштете си музика од Бени Хил: