Фасцинантно откритие: Печурките привлекуваат дожд?

Како што знаеме, дождот го стимулира растот на печурките, резултирајќи со потполно развиена габа која ослободува спори. Но, фасцинантната студија неодамна објавена во PLOS ONE доаѓа до неверојатно интересен заклучок – дека овие спори, исто како и солите и честичките од прав, имаат и улога на јадро околу кое се кондензираат облаци. Со други зборови, водената пара кондензира на нивната површина, на крајот формирајќи дожд.

1495799671851721364[1]„Ништо друго не функционира на сличен начин во природата“, вели коавторот на студијата, Николас Мони од Универзитетот во Мајами.

Во студијата, истражувачите конкретно ги набљудувале спорите на габите од видот Basidiomycetes fungi. Печурките што ги формираат лансираат таканаречени басидиоспори, со помош на „катапултен механизам“, а секрецијата на „жедни“ шеќери предизвикува мали топчиња од вода да се формираат околу секоја индивидуална спора. Движењето на флуидот резултира со брзо отстранување на тежиштето на масата на спората и создава моментум кој ја лансира спората кон небото дури и со брзина од 1.78 метар по секунда.

1495799671918012052[1]
Дождовната вода кондензира на површината на басидиоспорите.

На истиот принцип, една единствена печурка може да лансира околу 30.000 спори секоја секунда, околу билион дневно. Во една студија се проценува дека повеќе од 50 милиони тони спори се дисперзирани низ атмосферата на годишно ниво.

Знаејќи го ова, насетуваме дека сите овие ситни спори создаваат облаци и влијаат на дождот и климатските шеми на планетата. Истото е потврдено и во новата студија, во која беше направено скенирање со помош на електронска микроскопија, за да се види кондензацијата на водената пара на дело.

1495799671945792916[1]
Шематски приказ на механизмот на формација на капките.

„Кинетиката на овој процес сугерира дека басидиоспорите се особено ефективни како јадро за привлекување на дождови во екосистеми богати со широка популација на ектомикорзихал и сапротрофни басиодиомицети“, објаснува Мони.

Споменатите екосистеми вклучуваат влажни тропски дождовни шуми како оние на Амазон, како и субарктичките шуми на северната хемисфера, каде што фунгите „џвакаат“ тони и тони растителен отпад и ослободуваат есенцијални нутриенти за време на кратките летни периоди.

Сé на сé, на фунгите се гледа како на едни од најспособните преживувачи во природата, а што повеќе ги проучуваме, станува јасно дека не само што одлично се прилагодуваат на околината, туку и околината се адаптира на нив.

- Реклама -