Пред Зоолошката во Бристол, Велика Британија, има паркинг за околу 150 автомобили и 8 автобуси. Цели 25 години, со паркингот оперираше едно добродушно и фино човече и наплатуваше по 1.40 фунти за автомобили и по 7 фунти за автобуси. Тогаш, по 25 години без ниту еден пропуштен ден на работа, човекот одговорен за паркингот не се појави пред зоолошката.
Управата на зоолошката се јавила во градскиот совет и побарала да им прати нов паркинг-агент. Градскиот совет пребарал по датотеките и одговорил дека тие всушност и никогаш немаат пратено таков агент на конкретната локација, бидејќи паркингот спаѓа во надлежност на самата зоолошка.
„Не“, рекле од зоолошката, „нашиот паркинг-агент беше вработен од градскиот совет“, или нешто слично. Од градскиот совет направиле уште една проверка и одговориле дека кој и да е фантомскиот човек што раководел со паркингот, го нема на платниот список на градот…
…Во меѓувреме, некаде по тропските плажи во јужна Европа или на некој остров, се излежува човек со доволно муда да си постави своја тикет машина без никаква дозвола, и секој ден да доаѓа и да ги собира парите наплатени од истата, преправајќи се дека тоа му е работа. Така секој ден… цели 25 години… по околу 560 фунти дневно…
Зоолошката работи 7 дена неделно, па под претпоставка дека човеков „работел“ 7 дена неделно, тој сега има некаде околу 7 милиони фунти т.е. околу 8.78 милиона евра. Нема збор, секој коктел што ќе го испие му е заслужен.