Олимпискиот победник и светски рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис го победи актуелниот светски рекордер на 400 метри со пречки, Норвежанецот Карстен Ворхолм, во егзибициската трка на 100 метри синоќа во Цирих.
Дуплантис ја истрча патеката од 100 метри за 10,37 секунди, а Ворхолм за 10,47 што и за обајцата се лични рекорди во оваа дисциплина.
„Многу сум возбуден. Како можам да не бидам“, рече Дуплантис по трката.
Претходно, најдоброто време на Дуплантис на 100 метри изнесуваше 10,57 во средно училиште во САД во 2018 година, додека Ворхолм истрча 10,49 во 2017 година.
Со овие резултати и Дуплантис и Ворхолм ќе го минеа првиот круг од квалификациите за 100 метри на Олимпијадата.