Фанови на Дортмунд два дена чекале за карти за дуелот со Реал (фото)

Фанови на ’Милионерите’ два дена кампувале пред фан-шоповите на клубот со цел да дојдат до билет за полу-финалето од Лигата на Шампионите и дуелот со Реал Мадрид.

Борусија Дортмунд пушти во слободна продажба неколку илјади билети, а првите фанови пристигнале пред фан-шоповите на клубот уште во неделата попладне, со тенди, маси и столчиња за што покомфорно да им биде чекањето.

575-aabvbfans2

Продажбата на билети требаше да стартува утрово во 8:30 но поради проблеми со системот започнала половина час подоцна, и за кратко време биле продадени сите расположливи карти за пресметката со ’Кралевите’.

576-aabvbfans3

’Милионерите’ не соопштуваат колкав број на билети биле пуштени во слободна продажба, а оние кои имаат сезонски билети уште вчера си ги обезбедиле картите за средбата со Реал Мадрид.

577-aabvbfans4

Поради тоа што УЕФА не дозволува трибини за стоење на натпреварите во Европа, капацитетот на Сигнал Идуна Парк од 80 645 места во Бундеслигата ќе биде намален на 65 829 места за Лигата на Шампионите.

7584-aabvbfans

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -