Навивачот кој на крајот на натпреварот меѓу Шведска и Аргентина го изгушка и избацува Лионел Меси и претходно прекинувал натпревари. Бил и во затвор поради кражба, закани и злоставување.
Инцидентот при крајот на пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Аргентина во средата е топ тема во шведските медуими, а приказната за навивачот кој го гушкаше и бацуваше Меси доби нова димензија.
[youtube]http://youtu.be/7LauVeU_5kQ[/youtube]
Иако се чинеше дека е симпатичен и дружељубив, искуството на Меси можеше да биде опасно. Како што пишува шведскиот Sportbladet, 35-годишниот навивач е многу опасен човек кој и претходно улетувал на терен. Има криминално досие и пет пати бил во затвор поради сексуален напад, кражби и насилство.