ФАКТОР.МК: Забранувања и обврзувања на МОЈ ДДВ

Стартуваше Проектот „Мој ДДВ“, со кој граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ. Од информациите што ги пласираат надлежните институции во системот веќе се регистрирани значителен број на лица кои сакаат да го искористат правото кое е овозможено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Сепак, потребно е да се знае дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции. Казните се однесуваат на правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.

Бидејќи натамошната примена на овој систем може да доведе до одредени негативни последици за правните, односно за одредени физички лица, во продолжение следат информации кои треба да се имаат предвид со цел избегнување на такви ситуации.

Во оваа насока, клучни се обврските кои следуваат за издавачите на фискални сметки, а кои се однесуваат на фискалните сметки кои се сторнираат и сторните сметки. Фискалните сметки кои ги сторнира и сторните сметки издавачот на фискални сметки има обврска да ги пријави во Управата за јавни приходи. За сторнираните фискални сметки физичките лица немаат право на враќање на данокот и оттаму, Управата за јавни приходи мора да биде информирана за тоа кои фискални сметки се сторнирани. Пријавувањето на сметките се врши со скенирање на бар-кодот од фискалната и сторната сметка со примена на мобилна или десктоп апликација на Управата за јавни приходи за оваа намена.

Пријавувањето на сметките се врши до поднесување на даночна пријава за цели на данок на додадена вредност, односно даночниот обврзник кој е месечен даночен обврзник за цели на ДДВ, фискалните сметки кои ги сторнира и сторните сметки ги поднесува до УЈП најдоцна во рок од 25 дена по истекот на месецот во кој сам го пресметува данокот, а тримесечните даночни обврзници најдоцна во рокот од 25 дена по истекот на тримесечјето за кое се доставува даночната пријава.

Со оглед на фактот дека Проектот „Мој ДДВ“ стартуваше на почетокот на месец јули оваа година, месечните даночни обврзници фискалните сметки кои се сторнираат и сторните сметки треба да ги достават до УЈП не подоцна од 25 август оваа година.

За непријавувањето на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка до Управата за јавни приходи предвидени се прекршочни санкции и тоа глоба во износ од 250 до 1.000 евра во денарска противвредност за издавачот на фискалната сметка, како и глоба во износ од 150 до 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице за истиот прекршок.

Целата статија на ФАКТОР прочитајте ја ТУКА

- Реклама -