Светското гледиште за цигарите драстично се промени во последниов век. Навиката еднаш беше сметана за секси, кул, добра за вашето здравје и во неа уживаа многу луѓе. Беше промовирана од спортисти и беше рекламирана на телевизија. Не можеше да се види главен лик во филм а да не држи цигара во рака…Е, па повеќе не е така.
Навиката еднаш беше сметана за секси, кул, добра за вашето здравје и во
неа уживаа многу луѓе. Беше промовирана од спортисти и беше рекламирана
на телевизија. Не можеше да се види главен лик во филм а да не држи
цигара во рака…Е, па повеќе не е така.
Денеска пушењето се смета за гадна навика која може да те убие,и да ги
убие оние околу тебе. Нема да најдете реклами никаде – ниту пак ќе
видите некој како пуши во јавна зграда. Денес пушачите се сметаат за
анти – социјални и често се гледани како пушат надвор од јавните места.
Тука имате листа на интересни факти околу цигарите.
– Цигарите се нај извезуван/увезуван продукт на планетава, со околу 1 трилион продадени од земја на земја секоја година. Со заработка повеќе од 400 билиони, тоа е една од најголемите светски индустрии.
– Содржината на никотин во неколку брендови драстично се зголемува. Harvard Универзитетот и Министерството за здравје во Massachusetts кажуваат дека помеѓу 1997 и 2005 содржината на никотин во цигарите Camel, Newport, и Doral е зголемена за 11 проценти.
– Во 1970 претседателот Никсон потпишал закон со кој се ставаат предупредувања на цигарите и ги забранил телевизиските реклами. Последен пат кога цигарите биле забранети да се рекламираат на ТВ било во 1970, на 31 декември. Но сепак, ден потоа, на 1 јануари 1971 на ТВ мрежите им било дозволено уште еднаш, за да заработат од рекламите на фудбалските натпревари кои биле за Новата Година.
– Производителите во САД сега заработуваат повеќе од продажбата на цигари низ светот отколку продажбата на Американците.
– Американските брендови Marlboro, Kool, Camel и Kent поседуваат околу 70% од глобалниот пазар со цигари.
– Земји во САД со најголем процент на пушачи: Kentucky (28.7%), Indiana (27.3%), и Tennessee (26.8%), додека пак со најмал процент: Utah (11.5%), California ( 15.2%), и Connecticut (16.5%).
– САД се единствени пазар со цигари во кој процентот на жени пушачи (22%) е близу со процентот на мажи пушачи (35%). Европа има помал процент (46% мажи пушачи, 26% жени пушачи), но другите региони се со многу помал процент: Африка (29% мажи пушачи, 4% жени пушачи); Југоисточна Азија (44% мажи пушачи, 4% жени пушачи), Источен Пацифик (60% мажи пушачи, 8% жени пушачи)
– Според Светската Здравствена Организација, 25% од цигарите низ светот се криумчарени.
Содржина:
– Цигарите содржат арсеник, формелхелид, хидроген цијанид, нитроген оксид, карбон моноксид, амонијак и 43 познати карцогени елемнти.
– Во раните 1950ти, брендот Kent користел crocidolite asbestos за неговиот филтер, познат активен карцоген.
– Urea, хемиска состојка која е главна компонента во урината, се користи за да се додаде „вкус“ на цигарите.
– Во повеќето земји низ светот минималната возраст за да се купат цигари сега е 18, која порано беше 16. Во Јапонија минималната возраст е 20 години.
– Никотинот стигнува до мозокот после 10 секунди откако е вдишан. Најден е во секој дел од телото, дури и во млекото за доење.
– Шеќерот во цигарите го има во груби 20% и многу дијабетичари не се свесни за оваа тајна шеќерна состојка. Исто така, ефектот од согорениот шеќер е непознат.
– Пушачите појако ги вовлекуваат ‘lite’ и ментол цигарите(во просек) отколку обичните цигари, со што го ја конзумираат истата содржина на никотин и катран.
– Имунитивниот систем на пушачите мора да работи појако секој ден отколку на непушачите. Како резултат на ова, крвта на еден пушач ќе содржи помалку антиоксиданти, иако имунативниот систем на пушачите може побрзо да реагира на нападите од вирусите поради неговата активна природа.
– Пушачите често пушат после оброкот за да „ја сварат храната побрзо“. Всушност, ова е така бидејќи тогаш приоритет на телото е да ги заштити крвните зрнца и да испушта токсини од мозокот, а не варењето на храната.
– Пушачите генерално имаат “after-effects“ како: смирување, релаксација, стимулација, концентрација и многу други. Всушност, пушењето ќе предизвика различен ефект кај секоја индивидуа, зависно од тоа „што очекуваат тие да добијат“. Сето ова ги прават цигарите како најпопуларна „храна за мозокот“(за жал). Пушачот ќе ги искористи овие очекувања за да продолжи со својата навика.
– Помеѓу состојките кои се користат за секој производител да добие уникатен вкус на своите цигари се: ликер, маслиново улје, лаванда, кокос, масло од морков, рум, вински оцет, даб, кајсија…