Факти за човечкото тело

human_body_featuresЧовекот побргу ќе умре од недостиг на сон отколку од глад – без сон смртта настапува веќе по 10 денови, додека поради глад, човекот умира по неколку недели.


715px-human_body_featuresФетусот добива отпечатоци на прстите уште на три месеци во мајчината утроба.

На ноктот на раката или ногата му треба шест месеци за да израсне од коренот до врвот.

Во еден ден човек просечно губи од 40 до 100 влакна.

Човекот побргу ќе умре од недостиг на сон отколку од глад – без сон смртта настапува веќе по 10 денови, додека поради глад, човекот умира по неколку недели.

Според едно германско истражување, ризикот од срцев удар е многу поголем во понеделник, отколку во било кој друг ден од неделата.

Просечниот човечки скалп има околу 100 илјади влакна.

Човекот го користи тоалетот околу шест пати дневно.

Бебињата се раѓаат со 300 коски во телото, а возрасниот човек има само 206.

Влакна што најбргу растат се оние на брадата. Доколку мажот не би се бричел, во текот на животот би му пораснала брада подолга од девет метри.

Луѓето со светол тен имаат повеќе влакна на телото од оние со потемен тен.

Црвите што се хранат со човечка крв, живеат во повеќе од 700 милиони луѓе во светот.

До 60-тата година од животот поголемиот број од луѓето губат дури половина од клетките за вкус.

Еден човек во текот на просечниот живот изговара 123.205.750 зборови, води љубов 4.239 пати, и исплакува 57 литри солзи.

Секој 2,5 сантиметри (квадратни) од нашата кожа содржи повеќе од шест метри крвни садови.

Човекот има 46 хромозоми, додека грашокот има 14, а ракот дури 200.

Човекот на секои 27 денови го менува површинскиот слој на кожата и повторно му растат нови клетки од кожата, така што во животот, во просек, ја менува кожата дури 100 пати!

Тенките црева се долги околу 6,7 метри.

Во 19-ти век во Египет во возовите гореле мумии. Имено, јаглен и дрво имало многу малку, додека мумии во изобилство.

За да се насмееме, потребни ни се 17 мускули, додека за муртење дури 43.

Смеењето го зајакнува имунолошкиот систем и го намалува стресот. Шестгодишно дете во просек се смее околу 300 пати дневно, додека возрасните луѓе од 15 до 100 пати дневно.

Во текот на денот, жената изговара околу седум илјади зборови, додека мажите две илјади.

Со заби се раѓа едно бебе на секои две илјади.

Кај некои луѓе никогаш не се формира отпечаток на прстот, што претставува генетско пореметување.

Пепелта на кремираниот човек во просек тежи околу четири килограми.

Човечкото тело содржи јаглен да се направат 900 моливи, маснотија да се направат седум сапуни, фосфор да се направат 2.200 кибритчиња и вода да се наполни резервоар од скоро 38 литри.

Човечкото тело има преку 600 мускули, што претставува скоро 40 проценти од неговата тежина.

Левото белодробно крило е помало од десното, бидејќи е потребно место за срцето.

Мозокот на неандерталецот бил поголем од мозокот на денешниот човек.

Само два проценти од вкупната тежина на човекот тежи мозокот, но овој орган зема дури 20 проценти од кислородот и калориите.

Секоја минута во телото на човекот изумираат дури 300 милиони клетки.

Женското срце чука побргу од машкото.

Околу еден милион и двеста илјади комарци би требало да го цицаат човекот во исто време за да ја испијат целата негова крв. виа.

- Реклама -