Следниве неколку факти некои жени ги знаат а некои не, но секако би било корисно да се споменат, бидејќи се докажано точни.
Со задржување на урината до подобар секс
Најголем дел од жените кои го познаваат своето тело, знаат дека малото задржување на урина го прави сексот повозбудлив. Сепак, тоа задржување на урина треба да биде контролирано, односно да има мал притисок на мочниот меур. Што поголем притисок тоа поголемо уживање, но доколку мочниот меур е многу полн може да дојдете до незгодна ситуација.
Мажите се редовно поспани по секс
Ова е неоспорлив факт. Мажите по сексот се поспани бидејќи за време на сексот мускулите на срцето работат напорно и се лачат хормони кои го стабилизираат телото и полека го успиваат. Немојте да се грижите доколку вашиот партнер биде поспан по сексот, бидејки тој има само нормална телесна реакција како и сите останати и немојте да го оценувате како мрзлив поради тоа. Доколку сакате да остане буден после сексот, најдете му занимација, на пример предложете му заедничко туширање, бидејќи ако започне со одморот тешко дека ќе го убедите на што било потоа.
Сексот станува се подобар со годините
Сексот апсолутно станува подобар со текот на годините. Присетете се само на вашите почетоци, како тогаш, а како сега практикувате секс. Сексот со годините станува здодевен – со ова никако не се согласуваме, бидејќи вашето искуство, но и вашата фантазија ве градат на ова поле. Затоа бидете свои и секогаш експериментирајте, така ќе се усовршувате себеси и ќе го задоволите партнерот.
Објавено во соработка со За Здравје.