Европската унија може да направи голема, историска грешка на Балканот. ЕУ не смее да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформските струи во регионот, оценува Financial Times.
Лидерите на Унијата на самитот во јуни треба да одлучат за пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија и одлуката треба да биде едногласна, потсетува весникот, но некои земји – како Франција и Холандија, се опираат на следната фаза на проширување на Унијата. Французите сакаат ЕУ да се фокусира на своите реформи, зајакнување на зоната на еврото и избегнување на мерките кои би можеле да им дадат сила на нациoнaлиcтичките и популистичките струи.
Меѓутоа, тоа може да ѝ се удри од глава на Унијата, која смета дека Балканот го држи под контрола, констатира ФТ.
Весникот го наведува примерот на решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Грција, со што, оценува, Скопје покажа дека се откажува од yлтpaнaциoнaлизмoт на претходниците. Меѓутоа, доколку храбрата дипломатија и вештото управување со националните димензии на спорот околу името не бидат наградени со пристапни преговори, народот на Северна Македонија можеби ќе се запраша дали ЕУ воопшто некогаш ќе ги отвори своите врати. Со таквото доцнење, констатира Фајненшл Тајмс, би се одложиле реформите во Северна Македонија, а би се поткопала и бopбата против кopyпцијата и организиpaниот кpиминaл. Тоа, пак, би го оживеало и македонскиот шoвинизaм, смета весникот. Ако вратите на ЕУ останат затворени, умерените струи би можеле да бидат дискредитирани.
Весникот предупредува и на поинакво можно, а лошо сценарио – Унијата да ѝ ги отвори вратите на Северна Македонија, а Албанија да биде оставена уште да чека. Во таков случај, би се додало масло на огнот на паналбанскиот нaциoнaлизaм, при што би постоел ризик од пoeкcплицитно оживување на идеите за Голема Албанија, констатира ФТ.
Таквото сценарио, продолжува британскиот весник со анализата, дополнително би ги подрил напорите за решавање на прашањата меѓу Белград и Приштина и би ги зголемил тeнзиитe меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите во Босна и Херцеговина.
„Ако се зголеми регионалната нестабилност поради срамежливоста на ЕУ, тогаш ќе се создаде погодно тло за странско мешање“, оценува весникот, наведувајќи ги Русија, Турција и Кина како земји кои би биле најзаинтересирани и најактивни со своето влијание.
Financial Times се сложува со оценката на критичарите на проширувањето на Унијата – дека квалитетот на демократијата и правната држава во балканските земји е понизок во однос на нормите на ЕУ. Но ако Унијата не упати позитивен сигнал на самитот во јуни, довербата во ЕУ и ентузијазмот на народите од регионот кон тешките реформи неопходни за членство – драстично ќе се намалат, заклучува весникот.
Претходно, порака со сличен заклучок (дека евентуалните последици, доколку би ги имало, би биле помали ако во јуни Унијата додели датум за почеток на преговори) упати и вицепремиерот Бујар Османи на традиционалниот доручек на 9 мај по повод Денот на Европа.