Концептот на Facebook телефон постои уште од 2010 година иако никогаш не бил остварен. Дури и последниот обид за соработка со HTC создаде само основен Android телефон. Но сега има гласини дека Facebook прибира талент за дизајнирање на сопствен телефон.
The Times пишува дека Facebook полека создава мал тим со внимателно избрани поранешни работници на Apple за работа на Project Buffy – иницијатива која беше започната со HTC но која сè уште има сопствен живот.
Интересно е што Facebook развива цел екосистем од мобилен софтвер: основната апликација, Messenger, а сега и Facebook Camera. Дури има и гласини дека Facebook размислува да ја купи Opera. Иако тоа не е доказ дека компанијата планира да развие сопствен мобилен оперативен систем сепак ја издвојува како една од неколкуте компании кои би можеле.
Постојат верување дека Facebook размислува доста амбициозно и се подготвува да пушти сопствен телефон во продажба уште следната година. Останува да се види колку е реалистична оваа амбиција – но станува јасно дека Зукерберг сè уште не е подготвен да се откаже од оваа идеја. [NYT: Facebook is working on its own smartphone (again)]