Здраво EXIT Фанови! Еве неколку информации за Вас пред почетокот на EXIT Фестивалот со цел за поудобен престој.
Здраво EXIT Фанови!
Еве неколку информации за Вас пред почетокот на EXIT Фестивалот со цел за поудобен престој.
ВАУЧЕРИ/КАРТИ:
Поради големиот број на ваучери кои треба во четврток да се заменат за карти на влезовите на Петроварадинска Тврдина, се молат сите кои имаат ваучери, да го направат тоа што порано. Екипата која што работи на влезовите гарантира голема пропусност меѓутоа бројот на посетители со ваучери е голем.
Замената на вауцхерите со карти нема да може да се изврши во EXIT кампот како што е наведено на ваучерот, туку на бројните влезови на Петроварадинска Тврдина секој ден од 16 до 03 часот. Може само да го замените вачерот за влезница и да не влезете веднаш на фестивалот.
Најдоборо е ваучерите да се заменат порано. Доколу сакате да гледате настап кој започнува во 20 часот, најдобро е два часа порано да го замените ваучерот, како не би се создало беспотребно чекање и задржување на влезовите.
Доколку сте корисници на организираниот превоз за EXIT Фестивалот:
Поаѓање: 11.07.2007, 23:45 часот (паркинг спроти Нова Македонија), Скопје
Враќање: 16.07.2007, 14:00 часот (паркинг спроти EXIT Камп), Нови Сад
Превозник за Македонија: Дипломатик Травел
Напомена: Организаторот не сноси никакви последници доколку патниците кои го користат организираниот превоз во двата правци не се појават на време на местата за поаѓање/враќање.
Доколку сте сместени во Камп:
На денот на поаѓање кон EXIT Фестивалот, во автобусите ќе бидат разделени формулари за камп. Формуларите треба уредно да се потполнат и да се прикажат на рецепцијата на EXIT кампот на денот на пристигнување. Истите се намети за ваше побрзо сместување во кампот. Не заборавајте дека пристигнувате во ист ден со уште 14.000 кампери од целиот свет.
Среќен пат и се гледаме на EXIT!
Доколку имате пријатели со кои заедно патувате на EXIT Фестивалот, ве молиме проследете ја оваа информација и до нив.
Дури и да не го прочитате овој текст ќе си поминете супер, само можеби малку ќе се згужвате.
Поздрав,
EXIT Team, Македонија