Евтина крема за трајно ослободување од подочниците

Можеби ќе ви звучи невкусно со оглед на нејзината основна намена, но со кремата за хемороиди навистина може да се ослободите од темните подочници.

Темелно исчистете и исушете го лицето. Малку крема ставете под очите. Користете ги средниот прст или показалецот затоа што се почувствителни и така ќе го избегнете непотребниот дополнителен притисок во текот на нанесувањето.

Нежно втријте ја кремата кај подочниците се додека сосема не се впие во кожата. Користете меки, но темелни потези и внимавајте да не се повредите со ноктите. Ако го направите ова непосредно пред спиење би било добро да ставите маска за спиење за кремата да остане на подрачјето на кое сте ја нанеле.

Постапката повторете ја два пати дневно. Најдобро е наутро и навечер пред спиење. Проверете ги упатствата на кремата. Подочниците треба да ги третирате секој ден за да постигнете ефект. Значително подобрување ќе забележите веќе за една недела.

- Реклама -