Зошто евтиниот алкохол предизвикува толку лоша главоболка?

Излегувате со пријателите во петок навечер по долга работна недела, тие пијат фенси виски, но вие немате пари па се одлучувате за поевтина варијанта. За неколку часа вашите пријатели се весели и расположени, а вие завршувате со опасна главоболка?

Веројатно виновен е евтиниот пијалак што го испивте. Иако не значи дека секој евтин алкохол е, всушност, лош алкохол, голема е веројатноста дека ако пијалакот не го олесни вашиот џеб, ќе ви наплати дебела цена во главата.

Присуство на фузелово масло

Фузеловите масла се нуспроизводи од процесот на ферментација на алкохолот. Постојат голем број видови фузелови масла, а дел од нив се наоѓаат во потешките алкохоли и нашите тела не можат природно да ги преработат. Конечно, човечкото тело ќе ги третира фузеловите масла како отрови, а главоболката е многу чест симптом на телесното преработување на отровите. Бидејќи сите алкохолни пијалаци се создаваат со помош на ферментација, безбедно е да се заклучи дека секој вид алкохол може да содржи фузелови масла во помала или во поголема мера.

Дестилација

Со секое дестилирање, ферментираниот алкохол се прочистува од фузеловите масла. Тоа значи дека поквалитетниот алкохол ќе биде дестилиран повеќе пати, а со тоа и почист. Ако купите шише од најевтината вотка, веројатно ќе бидете среќни ако била дестилирана барем два пати.

Избегнувајте темни пијалаци

Темните алкохолни пијалаци, како виски, бренди и коњак обично содржат повеќе фузелови масла од нивните светли алтернативи, како вотка, џин и светол рум. Тука не станува збор за евтин наспроти скап пијалак, туку за разлика во процесот на дестилација. Добрата вотка не треба да има никаков вкус, додека, пак, вискито треба да има препознатлив вкус. Од друга страна, вискито созрева во буриња во период од неколку месеци или години и на тој начин ги добива вкусот и бојата. Што значи, пресудно е каков бил пијалакот пред да биде истурен во бурето.

Проблемот со црвеното вино

Сигурно често слушате дека лошото црвено вино предизвикува главоболки, а дури постои и медицински термин за главоболката од црвена вино. Меѓутоа, непозната е вистинската причина за оваа појава, зашто и најскапото црвено вино може да предизвика главоболка.  Главните виновници се, всушност, хистамините што се наоѓаат во лушпата на грозјето. На пример, белото вино се прави без лушпата, па затоа предизвикува многу помалку главоболки. Уште еден виновник е шеќерот, а во овој случај цената игра голема улога, затоа што евтините вина обично се полни со додадени шеќери.

Конечно, пиењето алкохол во голема мера, независно од тоа колку чини, може да предизвика голема главоболка. Најголемиот проблем е дехидратацијата, бидејќи органите во телото остануваат без потребната вода и на крајот се обидуваат да ја повлечат дури и од мозокот. Кога мозокот, пак, ќе дехидрира, почнува да се стега, а резултатот е катастрофална главоболка. [Why Cheap Booze Makes Your Hangover So Horrible]

- Реклама -