Европските разузнавачи: Русија се обидува да влијае на изборите

Разузнавачките служби на Европската унија ги следат руските напори за влијание врз европарламентарните избори кои почнуваат на 23 мај, пренесува германската новинска агенција DPA.

Преку друштвените мрежи и телевизиската мрежа на Russia Today, Русија се обидува да ги поддржи партиите кои се пријателски настроени кон Русија, а се контроверзни за Европската унија, стои во извештајот.

Цел на руските обиди се младите. Во некои случаи целта е само да се „посее“ сомнеж во важноста на Европскиот парламент и со тоа да се намали одѕивот на изборите, кои ќе траат до 26 мај.

Притоа, агентите на разузнавачките служби истакнуваат дека руските напори се помалку евидентни отколку за време на американската претседателска кампања во 2016-та или изборите во Франција во мај 2017-та.

Прочитајте и:  Министерката за надворешни работи на Северна Кореја во посета на Русија

Русија е обвинувана дека ја хакирала електронската пошта на угледни демократи во САД за да ѝ наштети на кандидатурата на Хилари Клинтон. Што се однесува до Франција, Русија е обвинувана дека ја поддржувала крајно-десничарката популистичка кандидатка Марин Ле Пен.

Русија, пак, децидно ги отфрла сите обвинувања. „Русија не настојува да влијае на европските избори, ниту има намера да го прави тоа на некои други избори“, вели рускиот министер за надворешни за DPA.

 

- Реклама -