Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил

Европскиот суд на правдата и нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра и уште еден милион евра дневно доцнење поради непочитување на правилата за азил на Европската унија.

Во декември 2020 година, судот пресуди дека Унгарија не ја почитувала политиката на Унијата за доделување меѓународна заштита и враќање на илегалните мигранти.

„Судот во својата пресуда смета дека Унгарија не ги презела потребните мерки за усогласување со пресудата од 2020 година“, се наведува во соопштението.

Се додава дека намерното избегнување на примената на заедничката политика на ЕУ „претставува невидено и крајно сериозно кршење на правата на ЕУ“.

Прочитајте и:  Борел: Се надевам дека ЕУ членките ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
- Реклама -