„Европската левица треба да го следи примерот на премиерот Заев и на СДСМ“

„Вие знаете што е стpaв, притисок, бидејќи живеете под автократија, но знаете што е храброст и знаете што е борба, бидејќи вие сте тие што изборивте демократија за Република Северна Македонија“, порача потпретседателката на ПЕС Жени – Мија Јаворник, на вчерашната свеченост по повод  одбележувањето на 20 години од Форумот на жени на СДСМ.

„За жал морам да речам дека на почетокот бевте сами, конзервативната Европа сега ви го сврти грбот, одби да признае дека поради вашиот премиер, партијата и форумот на жени веќе ги имате европските вредности… Но нема врска, вие докажавте дека невозможното е возможно и повеќе не сте сами. Сега е ред на левата Европа, да почне да го прави тоа што го прави вашиот премиер, вашата партија и Форумот на жени. Сега е ред лева Европа да излезе меѓу луѓето да работи за луѓето, бидејќи заедно можеме сѐ“, истакна таа.

На свеченоста се обрати и извршната директорка на мрежата за poдови пpaва на Централна и источна Европа – Соња Локар.

„Вие го докажавте она што јас добро го знам, а никој не сакаше да верува, а тоа е дека социјалдемократијата без жени не може да победи. Социјалдемократијата не може да остане на власт, ако ние жените не го направиме она што сега му е најпотребно на светот, а тоа е мир, еднаквост, солидарност. Ние жените сме подготвени и знаеме како тоа да го направиме, знаеме да се грижиме за другите, заеднички да ги решиме не баш лесните проблеми на светот“, истакна Локар.

- Реклама -