Поп музиката не се само Тејлор Свифт и Ријана, Дрејк и Џастин Бибер. Американските изведувачи во овој жанр се толку популарни, што дури почнуваат да изгледаат исти и покрај сите нивни обиди да се разликуваат. Европа сепак е местото каде што поп музиката звучи и изгледа доста постилски.
Естетиката е нешто задолжително за стариот континент, па затоа не е изненадувачки што токму тука, од длабочините на мејнстримот, се поставува една промена во поп жанрот.
Изведувачите, особено жените, носат стилски палта, нормални чевли, шминката може да се каже дека им недостасува во споредба со Лејди Гага, а видео клиповите се скромни во споредба со нивните колеги преку Атлантикот. Се разбира, постојат нестандардни и провокативни настапи, создадени со многу фантазија.
Особено сликовито се одликуваат 7 изведувачи кои засега го претпочитаат ризикот на најчудните, но интригантни песни пред голотијата и демонстрацијата на богатство, на пример.
Овие седум видео клипови се полни со имагинација и творечки импулс. Еве ја новата жетва.
Christine and The Queens, Франција
Таа беше избрана од Мадона да учествува на нејзиниот уличен концерт во Париз по нападите на 13 ноември во кои загинаа над 130 лица. Тоа значи дека не зборуваме за случајна пејачка.
Елоис Летисие, како што е нејзино вистинско име, го реформира уметничкиот перформанс со кореографија, инспирирана од Мајкл Џексон. Таа прави совршен микс меѓу деликатноста на балетот со волшебна претстава и изгледа дека нејзиното тело е способно да прави сè што таа ќе посака.
Франческа Белмонт, Италија
Видеата на Франческа се минималистички, но во исто време силно експресивни. Во “Are You” Франческа го следи принципот “less is more”.
Loïc Nottet, Белгија
Еден од најголемите музички натпревари на Стариот Континент – Евровизија – секоја година вади на преден план барем една сензација. Оваа година може да го посочиме белгискиот минимализам на Loïc Nottet. Не е важно што 19-годишниот пејач финишира четврти во тркатата.
Noonie Bao, Шведска
Поп музиката едноставно не може да постои без Шведска, барем од времето на ABBA па наваму. Сега светлата на рефлекторите се насочени кон ексцентричната Noonie Bao, која што нема проблем да позира со шал од гумени цевки, змии и цевка од правосмукалка на главата.
Главно кај неа е тоа што уметничките елементи се надреални. Ако црвенокосата дама ви изгледа познато, сигурно е поради нејзините проекти со Clean Bandit.
Petite Meller, Франција
Таа изгледа како некоја фиктивна Лолита на Вес Андерсон – мало тело, шарени алишта, ретро – мода и се разбира – руса коса.
Erik Hassle, Шведска
Ретка синергија меѓу песна и спот.
Leena Ojala, Германија
Лена е родена во Германија од родители Финец и Англичанка, а одгледана е во Хонгконг и Лондон. Интересен живот. Дури кога се враќа во Германија, започнува нејзината музичка кариера. Невообичаено за поп музиката, фокусот во нејзиното претставување паѓа на очите и веѓите.