Иако војната заврши, бројот на бегалци од Африка не се намалува. Воената контрола на брегот на Средоземното море е сè послаба, а луѓето кои шверцуваат бегалци во Европа е сè поголем.
Бегалците кои се уапсени додека се качуваат на чамците и бродовите на брегот на Либија се задржуваат во привремени центри кои се под контрола на паравоените формации без каква било контрола.
Вајс добива ексклузивен пристап до еден од овие центри, од каде ни ги пренесува страшните мачења и сериозното загрозување на основните човекови права.