Кога нé предупредуваа дека роботите ќе им ги земаат работните места на луѓето, тешко дека помислувавме на најстарата професија во светот. Но какво време да се биде жив! Во Барселона е отворен првиот бордел со персонал составен исклучиво од секс кукли. Океј, не се баш роботи, ама поентата е таа.
Клиентите кои ќе го посетат борделот во Барселона, ќе можат да изберат една од четирите реалистични силиконски секс кукли – Кејти, Лејза, Лили и Аки. Куклите се флексибилни и можат да се прилагодат (со ваша помош) за различни секс пози, а облеката ја бираат самите клиенти.
Куклите се направени од термопластичен еластомер, а се тешки по околу 40 килограми. Сопствениците на борделот (кој се наоѓа во еден стан во Барселона) – компанијата Lumidolls, вели дека сексот со нивните кукли е подеднакво добар, ако не и подобар од тој со вистински жени. Нивните кукли се идеални партнерки за секс, велат тие, затоа што на мажите можат да им ја исполнат баш секоја желба, без ограничувања (освен да бидат со вистинска жена, нели). Притоа уверуваат дека куклите се стерилизираат пред секоја употреба.
Еден час насамо со некоја од куклите ќе чини околу 117 евра, 90 минути ќе чинат 150, а два часа ќе чинат 175 евра. Притоа постои и опција куклата да се изнајми за цела вечер, или за секс во тројка.
Кога не е во бордел, ваква кукла чини околу 5.860 евра. Прво се појавија во Азија, каде веќе има бордели со секс кукли, а сега стануваат сé попопуларни и во светот.
Темата околу секс со роботи и секс кукли и порано е начната во популарната култура, филмовите и научно-фантастичните новели, а еден посвеж и подобар пример има и во серијата „Humans“ која одеше на Channel 4, каде се даде мал осврт дури и на нивното користење во борделите (ви ги препорачуваме првите неколку епизоди, серијата не баш).
Се разбира, тука е и Westworld. Полека но сигурно, реалниот свет почнува да наликува на овие примери.