Евролига: Барселона на врвот, Панатинаикос победи кај Фенер


Кошаркарите на Барселона го победија во својата „Блауграна“ францускиот претставник Асвел со 90:83 и тоа ги донесе на првото место од табелата на Евролигата со учинок од 4-1 по пет кола.

Истиот учинок го има и второпласираниот Жалгирис. Од третото до десеттото место се екипите кои имаат 3-2, а во таа група се приклучи и актуелниот европски првак Панатинаикос со победата од 81:76 на гостувањето кај Фенербахче.

Панатинаикос е четврти, а Реал Мадрид трет. Последна екипа во таа група е Баерн, кој пред своите гледачи го совлада Олимпијакос со 84:80.

Евролига – 5. коло, играно во петок
Фенербахче – Панатинаикос 76:81
Барселона – Асвел 90:83
Баерн – Олимпијакос 84:80

Одиграно во среда и четврток:
Монако – Париз 80:87
Жалгирис – Макаби Тел Авив 78:63
Басконија – Алба Берлин 80:57
Армани Милано – Анадолу Ефес 84:96
Реал Мадрид – Црвена ѕвезда 95:72
Партизан – Виртус Болоња 69:70

Team Games Wins Losses Points For Points Against
Барселона 5 4 1 415 385
Жалгирис 5 4 1 376 354
Реал Мадрид 5 3 2 439 417
Панатинаикос 5 3 2 428 406
Басконија 5 3 2 384 365
Анадолу Ефес 5 3 2 432 416
Монако 5 3 2 430 417
Црвена ѕвезда 5 3 2 390 384
Фенербахче 5 3 2 376 377
Баерн 5 3 2 447 456
Олимпијакос 5 2 3 403 393
Партизан 5 2 3 414 408
Париз 5 2 3 429 428
Асвел Вилурбан 5 2 3 407 417
Макаби 5 2 3 403 427
Виртус Болоња 5 1 4 375 404
Армани Милано 5 1 4 393 437
Алба Берлин 5 1 4 362 412
- Реклама -