Еврокомесарот Јоханес Хан, синоќа на својот Твитер профил ја поздрави одлуката на Собранието да одржи референдум за Договорот со Грција на 30 септември.
Welcome the decision to hold a #referendum in 🇲🇰on 30 September on the historic name agreement between 🇲🇰and🇬🇷. The #EU supports this agreement and its implementation as a symbol of reconciliation and good neighbourly relations in the region. 1/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) July 30, 2018
I call upon all citizens of 🇲🇰 to make use of their democratic right to vote. It’s about their country’s and their own future! 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) July 30, 2018
„Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум во 🇲🇰 на 30-ти септември за историскиот договор за името меѓу 🇲🇰 и 🇬🇷 . ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот… Ги повикувам сите граѓани на 🇲🇰 да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната сопствена иднина!“, напиша Хан.
Од друга страна, Твитер корисниците не беа воодушевени од употребата на сликички со знамињата на Македонија и Грција како начин Хан да не го изусти (дури ни преку тастатура) зборчето „Македонија“. Меѓу нив и поранешната министерка за култура – Ганка Цветанова:
Only when you say Republic of Macedonia Mr. Hahn, you will have the credibility to call upon the citizens of this country to meke use of their democratic right: to vote for, against or to to boycott the referendum!
— Ganka Cvetanova (@gankacv) July 30, 2018
„Само кога ќе речете ‘Република Македонија’, господине Хан, ќе имате кредибилитет да ги повикате нејзините граѓани да го искористат своето демократско право да гласаат ‘за’, ‘против’ или да го бојкотираат референдумот“, врати Цветанова.
На фановите на Хан не им препорачуваме да ги читаат останатите коментари на горенаведените два негови твита.