Еволуцијата во рекламите на Coca-Cola

Освен што ја знаеме како пример за глобализација, Coca Cola e школски пример и за успешен маркетинг кој се негува долги години, уште од самите почетоци на компанијата. 

Веќе 128 години рекламните кампањи на газираниот пијалок успеваат да предизвикаат позитивни емоции и да удрат директно врз инспирацијата и носталгичноста. Ви претставуваме голема колекција од 50 реклами на еден од највпечатливите брендови во рекламниот бизнис од 1889 до денес.

47_1401872833

Coca-Cola е измислена во XIX век во Џорџија, од Американецот Џон Пембертон првично како кокавајн – комбинација од вино и кокаин. На почетокот таа е продавана како лек против главоболка по пет центи од чаша на автоматите за газирани пијалаци, кои стануваат популарни во САД во тоа време. По забраната на алкохолот во Џорџија во 1886 година виното во рецептот е заменето со безалкохолен сируп. Првите продажби се направени во 8 мај 1886 година во аптеката “Jacob’s Pharmacy” во Атланта и за првите осум месеци се продадени едвај девет чаши дневно.

Coca-Cola станува популарна и поради фактот што во тоа време во САД се смета дека газираните пијалаци се многу корисни за здравјето.

Благодарение на агресивната маркетинг политика од страна на бизнисменот Ејза Григс Кандлер, пијалокот станува лидер на светскиот пазар за безалкохолни пијалоци во XX век, а продолжува да биде таков и во ден денес. Coca-Cola се произведува како концентриран сируп кој се испорачува на бројни франшизни компании кои го флашираат, дистрибуираат и продаваат.

Сега да уживаме во некои од најоригиналните и незаборавни реклами на големиот бренд.

1889

1889

1900

1907

1909

1910

1918

1918

1924

1927

1931

1933

1935

1936

1936

1937

1942

1946

1947

1948

1949

1949

1950

1952

1953

1954

1955

1956

1959

1960

1965

1966

1974

1978

1982

1984

1986

1989

1991

1993

1994

1997

2000

2006

2007

2008

2012

2013

2014

- Реклама -