Мажите стануваат се поубави и се повеќе интелигентни за да бидат успешни во репродукцијата, додека кај жените тие карактеристики немаат исти ефект.Луѓето се и понатаму подложни на природна селекција како и кај останатите видови, тврдат научниците, па и во модерно време преживуваат само најсилните…
Согласно со тоа, бракот не го забавил природниот нагон за селекција, преживување и размножување. Експертите истакнуваат како неодамна откриле дека поради тоа мажите изгледаат се подобро и подобро.
Тие се развиваат и стануваат попривлечни, поубави и повеќе интелигентни, за поуспешно да се размножуваат. Сексот со повеќе партнери ја зголемува веројатноста за подобар репродуктивен успех.
Сепак кај жените не е исто.
Фински научници кои што ги проучуваат половите и еволуцијата детално прегледале податоци од 6.000 Финци помеѓу 1760. и 1849-ата година. Ги провериле нивните економски статуси, датум на раѓање, смрт како и брачен статус за да востановат основни фактори на природна селекција, а тоа се успех, пронаоѓање на партнер, успешно размножување и плодност.
Податоците беа исти и кај Финците што живеат во градовите, како и оние од руралните подрачја.
Оваа земја, инаку, има еден од подобрите системи за складирање на податоци, благодарение на деталните црковни записи кои се водат поради даночни задолжувања.
„ Потполна е заблудата дека еволуцијата одамна е завршена и дека мораме да гледаме наназад, за да се разбереме себе. На луѓето и понатаму делува природната и сексуална селекција“, објаснува др. Лумаа од Универзитетот „ Шефилд“.
Коавторот на студијата др. Коуртиол вели дека подобрувањето на карактеристиките на мажите ја зголемува успешноста за размножување и дека тие затоа еволуираат побрзо, додека тие особини не ја зголемуваат успешноста на размножување кај жените.
„ Тоа е затоа што сексот со повеќе партнери докажано го зголемува репродуктивниот успех, повеќе кај мажите, отколку кај жените. Изненадувачки, истото подеднакво се однесува и кај богатите и кај сиромашните“, додава Коуртиол.