Еве што прави Станија кога има облека на себе, а што прави нејзиниот тим

Како живее српската старлета?

Доаѓа дома во пет наутро по лудата ноќ помината на некој сплав, каде полупијана паѓа на подиумот. Ја отстранува шминката од лице и преспива половина од следен ден. Потоа се буди, се шминка, прави едно „селфи“ кое пред да го објави на социјалните мрежи добро го фотошопира и потоа оди во трговските центри каде купува нова гардероба. Ние мислевме дека е така, а веруваме дека и кај вас не била многу поинаква сликата. Сепак, во разговор со една од најпознатите српски старлети, Станија Добројевиќ, српскиот портал „Blic“ дознава дека не е сè е толку раскошно и богато.

Screenshot_3

– Луѓето имаат погрешно мислење кога велат дека само уживам во животот, ништо не работам, само се сликам и парите ми паѓаат од небо. Како да не!- започнува остро Станија.

– Во Америка работам по осум часа дневно во казино, а остатокот од денот го организирам така што одам на тренинг и плажа, бидејќи живеам на самиот океан. Единствено кога имам слободен ден тогаш ги посетувам трговските центри, го чистам станот, перам, пеглам, го средувам плакарот и правам план за следната работна недела- открива старлетата.

Screenshot_4

За разлика од животот во Америка, кога доаѓа во Србија нема временска рамка по која мора да функционира.

Screenshot_5

– Во Србија не работам осум ачса дневно пет дена во неделата, но повторно сум преокупирана со обврски. Од приватниот бизнис кој го започнав, а е поврзан со мојот бренд, до сликање за весници и гостување во емисии. Тоа е еден општ хаос за кој е единствен спас за планер! Да, имам планер и секој ден ми е програмиран од утро до верчер. И не е секој ден ист- вели Станија за својот „тежок“ живот во Србија.

 

- Реклама -