Еве што прават жените тајно кога ќе ви дојдат на гости

Кога одиме на гости вообичаено на домаќините им делиме комплименти за изгледот на домот, но во реалноста, повеќето жени мислат дека домовите им се неуредни и нечисти и проверуваат со прст колку прав има на полиците додека домаќините варат кафе во кујна.

7055616-dirt-dirty-or-dust-concept-with-finger-showing-home-cleaningАнкетата на Betta Living, британски синџир на продавници за мебел специјализиран за спални соби и купатила, покажува дека дури 63 отсто од жените мислат дека домовите на нивните пријателки се нечисти, 58% проверуваат колкав слој прав има на полиците, а 40% би ги нарекле своите пријатели „нечисти личности“.

 

Жените користат посебни тактики за проверување на нередот и чистината на домот на своите пријателки, вклучувајќи прегледување на полиците поради прав, суптилно гледање во кујнските ормани и задолжително одење во купатило и ѕиркање низ отворената врата на спалната соба додека се враќаат од него.

Тоа што всушност ги тера жените на истражување на туѓите домови е несигурноста за состојбата на сопствените затоа што токму чистотата на домот е втората работа што најмногу ги депримира, веднаш зад телесната тежина.

 

Највалканите тајни на домаќинките

vacuuming-carpet

Од 2 000 испитани жени 63% откриле дека со правосмукалка чистат само околу поголемите парчиња мебел, наместо да се малтретираат со преместување на останатиот полесен мебел. Уште една валкана тајна која ја делат 74% жени е дека шпоретот го чистат само еднаш годишно, додека остатокот го прават тоа еднаш на две години. 69% признале дека под креветот во спалната соба вшмукуваат само еднаш месечно.

За највалкани соби во домот ги сметаат спалната соба и трпезаријата.

- Реклама -