Еве што останува од Ferrari по сообраќајка при возење со 300км/ч

Италијанската гордост можеби е склона на палење без причина, но ако планирате да се забиете во заштитна ограда при возење со брзина од 300 километри на час, тешко дека од нешто друго ќе извлечете жива глава.

Германската двојка Маркус и Ангела доживеале несреќа минатата недела кога десната гума на нивното Ferrari F430 Scuderia пукнала при брзина од 300 км/ч на автопат недалеку од Хановер.

ferari

Автомобилот се извртел и се забил во заштитната ограда  пред да запре. Во несреќата никој не загинал, а имајќи предвид дека германските автопати на повеќе делови немаат ограничување на брзината, 41-годишниот Маркус не направил сообраќаен прекршок.

Со сигурност може да се каже дека овој F430 нема да се врати на улиците, но неговата алуминиумска патничка ќелија си ја обработи должноста без грешка.

Прочитајте и:  Германската армија се соочува со недостиг од 6 милијарди евра
- Реклама -