Еве што ќе ви се случи ако ја масирате оваа точка на увото

Во емисијата за здрав живот на првата програма на руската телевизија, психијатарот Марк Сандомирски ги посоветува пациентите како да се ослободат од стресот со помош на овој едноставен начин.

Причините и последиците од стресот се различни, исто како што и луѓето на различен начин можат да ги доживеат. Првата работа која треба да ја направите е да се ослободите од емоциите кои ве разјадуваат. Немојте да ги чувате во себе.

Потоа, отстранете ги и физичките последици од стресот. Во ова ќе ви помогне психо-рефлексна терапија.

Природата создала во човекот точки кои дејствуваат антистресно. Древното кинеско име за оваа точка е Shen Men или во превод „небесна врата“, бидејќи нејзиното третирање внесува енергија во телото. Таа го зајакнува целокупното здравје во вашето тело, го намалува стресот и ја ублажува болката.

Shen-Men-tacka

Масажа Shen Men точка на уво – против стрес

Точката се наоѓа во центарот на горниот трет дел на увото. Докторот Сандомирски советува:

Земете стапче за уво и со негова помош притиснете го овој дел на ушната школка, лесно масирајте додека длабоко дишете. Потоа, слушнете го вашиот организам. Дишете и понатаму длабоко. При вдишувањето погледнете на левата, а при издишувањето на десната страна. Ќе почувствувате како вашиот организам се смирува.

Оваа „точка на стресот“ можете да ја масирате и со вашите прсти.

- Реклама -