Еве како добитниците подигнуваат лото џек-пот во Кина

Еден Кинез неодамна стана хит на ТВ вестите, и тоа од две причини: првата е што го доби џек-потот на националната лотарија, а втората е што наградата ја подигна облечен во бизарна маска.

Добитникот, за кого се верува дека е 40-годишен, толку многу бил загрижен околу откривањето на неговиот идентитет, што се појави облечен како дизниевиот лик Baymax (од Big Hero 6).

lottery-winners2.jpg-large-550x389[1]

Зборувајќи со новинарите, тој откри дека добил 170 милиони јуани (~27 милиони долари), и покрај тоа што многу ретко купувал лото ливчиња. Околу чудниот костум, тој призна дека неговата жена го натерала на таков чекор, плашејќи се од старите пријатели и далечни роднини кои веројатно би се појавиле да побараат барем мал дел од наградата.

Колку и да звучи чудно, ова и не е баш така невообичаено за Кинезите. Традицијата на подигнување на големи парични награди облечен како суперхерој или во друг вид несериозна и чудни маска започнува уште пред околу 25 години. Многу од победниците не ни помислуваат да ја напуштат.

lottery-winners3-550x366[1]

На пример, во 2014-та добитникот на 520 милиони јуани (~85 милиони долари) се појави облечен како жолта мечка. Вo истиот тој костум седеше за време на целата прес-конференција, одговарајќи на секакви новинарски прашања.

lottery-winners4-550x366[1]

За разлика од „Baymax“, тој рече дека трошел од 20.000-30.000 јуани годишно на лото-тикети. Упорноста очигледно му се исплатела – сумата што тој ја доби е третиот најголем џек-пот во кинеската историја на игри на среќа.

lottery-winners6-550x343[1]

Во сличен случај, лани во Август, човек облечен како Мики Маус се појави да си ја подигне наградата од 398 милиони јуани, додека во 2011-тата, 565-те милиони јуани беа подигнати од човек облечен како панда.

lottery-winners7-550x351[1]

Кинеските друштвени мрежи сведочат и за други такви добитници, прикриени зад гас-маска, Avengers, Спајдермен и други слични.

lottery-winners5-550x338[1]

И иако ваквата пракса очигледно ја исполнува намената, ништо не може да им помогне на добитниците кога станува збор за данокот што треба да ѝ го платат на државата. Така, „Baymax“ мораше да плати 20%, т.е. 34 милиони од 170-те милиони јуани, колку што изнесуваше добивката.

- Реклама -