Еве како најлесно да навлечете навлака на јорганот

Овој трик има потенцијал да ви го смени животот. Не претеруваме.

Без дилема, навлекувањето на нова навлака врз покривката е најиритантниот дел од менувањето на постелнината. Некои луѓе го сметаат за најомразената работа во домот, поомразена дури и од чистењето, перењето, пеглањето…

По се изгледа, не мора да биде така. Something You Should Know има прекрасен трик наречен „Бурито метод“ за тоа како целосно да го видоизмените процесот и да се поштедите од напорната борба со тешката прекривка која одбива да остане на своето место. Со малку тренинг, ќе си го олесните овој дел од работата во домот, преку неколку едноставни чекори:

1. Превртете ја навлаката со внатрешноста нанадвор и постелете ја врз креветот со отворот кон страната за нозе.

1а. Пожелно е да ги закачите ќошевите на покривката и ќошевите на навлаката со безопасна. Некои покривки и навлаки имаат дополнителни делови специјално за оваа намена.

2. Постелете го јорганот/ќебето врз навлаката.

3. Почнувајќи од затворената страна почнете да ги виткате навлаката и покривката во ролна, се додека не стигнете до отворениот крај.

4. Сега треба да ги вметнете краевите на покривката во наметката, нешто налик на делот кога ги диплите чорапите една во друга после перење. Тешко е да се објасни, но откако ќе го погледнете видеото веднаш ќе сфатите и ќе можете да го направите без проблем.

5. Кога се е подготвено, го одмотувате покривачот од внатрешноста на навлаката. Та-да! Постелнината никогаш не била помазна.

6. Споделете го видеото и олеснете им го животот и на вашите пријатели.

- Реклама -