Додека повеќето од нас вчера губеа свест во ноќен живот и се враќаа со ваучер, Клоп губеше со Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите против Реал.
Загубија што загубија, многу несреќно (1:3), но Клоп уште рано денес покажа дека е човечиште и дека знае како да поднесе пораз во финале на така важно натпреварување.
За волја на вистината, тоа му е шести пораз во финалето на некое фудбалско натпреварување, ама дури ни тоа не може да објасни како му успева да стане во 6 сабајле и со навивачите на Ливерпул да пее навивачки песни.
Можеби објаснувањето лежи во стиховите, зашто практично потврдуваат дека Ливерпул не заслужи таква вечер, и којзнае како ќе се одвиваше борбата за титулата ако Салах останеше на теренот и Кариус не ги направеше двете грешки што и по 50 години ќе ги гледаме во компилации од најнесмасни голмани.
Стиховите:
“We saw the European Cup, Madrid had all the f*****g luck, we’ll just keep on being cool, and bring it back to Liverpool”, pjevali su Klopp i navijači, a video je snimio Mirrorov novinar Oliver Bond.
„Го гледавме Европскиот Куп, Мадрид ја имаше целата е*ена среќа, ние едноставно ќе продолжиме да бидеме кул, и ќе го вратиме тоа (кул) назад во Ливерпул“.
Jurgen Klopp at 6am this morning. What a man. 🔴 pic.twitter.com/lrm22OVzRr
— Oliver Bond (@Oliver__Bond) May 27, 2018