ЕУРО 2024: Шпанија ја „неутрализираше“ Хрватска и победи со 3:0


Шпанија победи со убедливи 3:0 (3:0) во соочувањето со хрватската фудбалска репрезентација на отворањето на Европското првенство, во Берлин, во натпреварот од првото коло од групата Б.

Во одличната атмосфера на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, пред вкупно 69.000 гледачи, од кои повеќе од 45.000 хрватски навивачи, Шпанија ја заврши целата работа уште во првото полувреме. Шпанците постигнаа три гола во првите 45 минути, а стрелци беа Алваро Мората во 29., Фабијан Руиз во 32. и Дани Карвахал во судиското надополнување.

Хрватските фудбалери во натпреварот влегоа бавно и некако плашливо. Шпанците веднаш ја преземаа доминицијата на теренот, ја држеа топката во свој посед и се играше исклучиво во хрватската половина. Притисокот врз последната линија од помалку искусната хрватска одбрана не беше силен, но Шпанците беа тимот кој го диктираше ритамот и постојано притискаше.

Првиот удар на натпреварот беше обид од далечина на Мората во 7. минута, но и лесна одбрана за Доминик Ливаковиќ. По околу 15 минути, во кои Хрватска одвај доаѓаше до посед на топката, работите на теренот почнаа да се менуваат, но како и дотогаш ниту во изразена надмоќ на Шпанците, но тоа и не значеше поголем број реални можности за Хрватска.

Во 22. минута Крамариќ најпрвин се обиде да го пронајде Будимир со долга топка во простор, а потоа хрватскиот напаѓач беше непрецизен во ударот со глава. Набрзо потоа Хрватска двапати капитулираше, од 29. до 32. минута.

Прво хрватските стопери на празен простор го оставија Мората, кој со добрата топка во фор ја искористи да избие пред Ливаковиќ и рутински реализираше за 1:0. Во 32. минута Фабијан Руиз ја прими топката во горниот дел од шеснаесетникот, со дриблинг лесно се ослободи од Модриќ, па и од Брозовиќ и низ шумата нозе погоди за 2:0.

Хрватските фудбалери имаа добри прилики по секој примен гол. Во 30. минута Ковачиќ шутираше но слабо кон Унаи Симон, додека во 33. минута следеше уште подобра шанса. Најпрво Брозовиќ прецизно гаѓаше, но повторно шпанскиот голман одлично реагираше и ја одби топката до Мајер кој го погоди само надворешниот дел од мрежата.

Во 41. минута Хрватска имаше уште една убава шанса. Гвардиол се обиде но Будимир малку задоцни на топката и уште еднаш шпанската мрежа остана мирна. Лошото прво полувреме на Хрватска конечно беше заокружено со уште еден примен гол. Во судиското надополнување, хрватската одбрана реагираше бавно и млитаво, а по центаршутот на Јамал прв до топката дојде Карвахал кој погоди за 3:0.

Второто полувреме Хрватска го отвори солидно, а во воведните пет до шест минути се играше најмногу на 20 метри од голот на Шпанија. Сепак, првата голема шанса ја имаа Шпанците, а ударот на Ламина Јамал одлично го одбрани Ливаковиќ и спречи сигурен четврти гол. Веднаш потоа Мората можеше и вторпат да постигне гол на мечот, но топката се одби од него покрај стативата.

Хрватска беше многу блиску до гол во 55. минута. По убава акција на Гвардиол, Ковачиќ и Будимир, топката стигна до Станишиќ, но неговиот удар на патот кон мрежата го изблокира Кукурељо. Веднаш потоа и обидите со глава на Будимир и Крамариќ не го променија резултатот.

Беа извршени повеќе замени во двата тима, но Шпанците потоа ја умртвија играта и немаше реални можности сѐ до 78. минута. Шпанците играа пред својот гол, а топката дојде до Петковиќ кој беше сам пред Унаи Симон. Хрватото беше сопнат од Родри и беше досуден пенал. Петковиќ сам го изведе ударот од белата точка, а шпанскиот голман го одбрани неговиот удар. До одбиената топка прв стигна Перишиќ, кој му ја додаде на Петковиќ, кој потоа сепак постигна гол. Но, погодокот на Хрватска беше поништен бидејќи беше утврдено дека Перишиќ влегол во шеснаесетникот порано од дозволеното при изведувањето на пеналот.

Хрватска до крајот се обидуваше да постигне почесен гол, но не успеа да ја пробие шпанската одбрана.

Во сабота од 21 часот актуелниот европски првак Италија и Албанија го играат првото коло во оваа група Б. Натпреварот од второто коло Хрватска го игра в среда, од 15 часот во Хамбург против Албанија, а Шпанија и Италија ќе играат ден подоцна од 21 часот.

- Реклама -