ЕУРО 2024: Пресвт на Холандија за победа над Полска


Во натпреварот од првото коло од Д групата на Европското фуцбалско првенство во Хамбург, фудбалерите на Холандија ја совладаа Полска со 2:1 (1:1). Коди Гакпо (29) и Воут Вегхорст (83) погодија за Холандија, додека Адам Букса (16) беше стрелц за водство на Полјаците.

Холандија со многу мака и пресврт ја совлада Полска и ја оправда улогата на фаворит на континенталното првсенство. За победа и два гола, Холанѓаните упатија дури 21 удар кон голот, покажувајќи завидна неефикасност, додека Полска без својата прва ѕвезда Роберт Левандовски не можеше да направи повеќе од минимален пораз.

Двете екипи дојдоа на ЕУРО „осакатени“ – Полјаците со повредени речиси сите напаѓачи, а кај Холанѓаните отсустваа ирачите од средниот ред. Така релативно непознатиот Адам Букса го предводеше нападот на Полска во отсуство на Роберт Левандовски, додека во средниот ред на Холандија беа релативно неискусните Тијани Рајндерс и Џои Веерман.

Холанѓаните почнаа поагресивно со две полушанси на Коди Гакпо и Рајндерс, но Полјаците поведоа од првиот напад во 16. минута. Стрелец беше токму 21-годишниот Букса, кој беше највисок во скокотна првата статива по корнерот на Зиелински и со глава ја погоди холандската мрежа.

Холанѓаните имаа две одлични прилики откако го примија голот – во првата Вирџил ван Дијк наиде на центаршут од корнер и шутираше во средината на голот, што голманот Војчех Шчесни го одбрани, а веднаш потоа Мемфис Депај го промаши целиот гол.

Сепак, во 29. минута Холанѓаните израмнија. Нејтан Аке испрати топка која ја прими Коди Гакпо, чиј удар погоди еден од полските дефанзивци и го смени правецот, па Шчечни не може да направи ништо.

Во 42. минута Јакуб Кивиор доби прецизно додавање и во ситуација еден на еден со голманот реши да шутира на левата статива, но вториот најмлад голман во историјата на ЕУРО, 21-годишниот Барт Вербруген, го спаси својот гол. Во самиот финиш на првиот дел, во кој Холандија имаше дури 13 удари кон голот, ударите на Гакпо и Депај беа непрецизни.

Избраниците на Куман одлично го започнаа вториот дел, речиси пет минути играа „викторија“ пред полскиот гол, но без ефект, додека на другата страна Кивиор од добра позиција шутираше во голманот во 59. минута.

Холандската канонада од сите позиции продолжи, но не можеа да ја пробијат полската одбрана предводена од Шчесна. Во 81. минута Куман го внесе својот „џокер“ Воут Вегхорст, а холандскиот гигант само две минути подоцна погоди за 2-1. Напаѓачот на Хофенхајм од прва ја упати топката која ја додаде Аке и погоди од десетина метри во корнер.

Во 89. минута Јакуб Пјотровски додаде по левата страна, додаде до Карол Свидерски, чиј удар за чудо го одбрани младиот холандски голман.

Во оваа група во понеделник ќе играат Франција и Австрија.

- Реклама -