Европската унија ги идентификуваше лажните информации за коронавирусот, кои доаѓаат од Русија, изјави потпретседателката на Европската комисија – Вера Јурова, за германската новинска агенција „dpa“.
Според Јурова, во рамките на кампањата EUvsDisinfo („ЕУ против дезинформациите“) собрани се повеќе од 150 дезинформации за Ковид-19, а поврзани со Кремљ.
Не може да се рече дека државата Русија наредила да се пласираат такви дезинформации, бидејќи за тоа нема доволно докази, истакна таа, но додаде и дека има официјални изјави на руските власти упатени против ЕУ, а чија цел е да се предизвика стpaв и нepвоза во јавноста.
Од друга страна, пропагандата на Кина работи во полн ек. Како што истакна Јурова, Кина шири тврдења дека Европа, без помош од Кина, нема да може да се избори со коронавирусот.
Јурова додаде дека најдобар начин во борбата против лажните информации и пропагандите се фактите и дека постои голема потреба за факти и веродостојни информации.