ЕУ ќе создаде центри за бегалци на Балканот

Миграциони центри за обработка на документи и регистрирање на лицата кои бараат азил, ќе бидат создадени на Западен Балкан, како дел од напорите кои ги вложуваат лидерите на ЕУ.

begalci

Одлуката блокот да се фокусира кон Балканските земји кои не се дел од Европската Унија е јасна потврда дека искуството да се запре протокот на бегалци во Грција бил неуспешен, пишува британскиот весник The Telegraph.

Центрите кои ќе бидат направени надвор од границите на Европската унија, ќе имаат за цел да ги задржат оние кои успеале да се префрлат во Грција без запирање во приемните центри, познати во Брисел како “жешки точки”.

Претставници на ЕУ рекоа дека предлогот за балкански “центри за обработка” е мотивиран поради загриженоста  откако Германија, Шведска и други богати земји предупредија дека го достигнале својот капацитет.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна
- Реклама -