Доколку сте вљубеници во егзотичните патувања преуредете го домашниот ентериер во етно стил.
Етно – стилот се заснова на разбивање на монотонијата во просторот за живеење додавaјќи етно – елементи мотивирани од егзотичните места ширум планетава.
Во зависност од желбите и вкусовите, можете да се одлучите за африкански, индиски, јапонски и арапски стил, како и мотиви од Далечниот Исток. Арте – фактите, како што се маските, статуетките, украсните чинии, килимите и уметничките слики може да бидат искористени како декоративни елементи на различни начини.