Етничките лични карти се спротивни на регулативата на ЕУ што ќе стапи на сила во август, вели евроамбасадорот Гир

Главната ЕУ регулатива која се однесува на податоците во личните карти е општата регулатива за заштита на лични податоци, а истата забранува споделување на лични податоци како расна, но и етничка припадност, политичка и верска припадност, посочи денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан дали она што го предлага БЕСА е во согласност со европските норми.

„Во Европската Унија, личните карти во моментов се сѐ уште регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021“, посочи евроамбасадорот.

Тој укажа и на важноста на усогласувањето на законодавството на земјава со правилата и стандардите на ЕУ, додавајќи дека ЕУ отсекогаш го охрабрувала напредокот на државата на ова поле, затоа што тоа е една од првите работи што би се оценувале при почеток на преговорите за членство.

- Реклама -