Ескобар: Нема да се двоумиме да користиме санкции за корумпираните и дестабилизирачки актери на Западен Балкан

Подгорица, 5 јануари 2022 (МИА) – САД нема да се двоумат да користат санкции за да испратат силна порака до корумпираните актери и оние кои го дестабилизираат регионот, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Во интервју за црногорската агенција МИНА, Ескобар изјави дека лидерите на Западен Балкан мора да работат во интерес на граѓаните, наместо за нивните лични и партиски интереси.

„Нема да се двоумиме да користиме санкции или други механизми за да испратиме силна порака до корумпираните и дестабилизирачки актери“, рече Ескобар.

Тој додаде дека „САД ќе бидат партнер на оние кои имаат конструктивен, а не деструктивен пристап кон иднината на овој регион, кој се карактеризира со членство во ЕУ и НАТО, како и со динамична и транспарентна економија“.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

Како што наведе, Балканот е најбрзо растечки регион во Европа, така што реализацијата на тој економски потенцијал треба да биде на врвот на приоритетите на Црна Гора.

„Многу е фрустрирачки и контрапродуктивно што политичарите и другите актери ги искористуваат идентитетските теми за да добијат политички поени на сметка на економскиот напредок и регионалното помирување“, рече Ескобар.

Тој додаде дека ова е вообичаена тактика на Западен Балкан, каде политичките лидери користат историски поделби за, како што рече, да сеат раздор меѓу гласачите и да го блокираат напредокот на државите.

- Реклама -