Октомври е. Сончевите зраци се послаби и едвај ги чувствуавме,но пак за сметка на тоа, целиот град е во заробеништво на прекрасната есен, нежно обоена во нејзините топли бои.
Инспирирајте се од околната убавина и одложете ги темните бои.
Храбра, различна, чекорејќи ќе предизвикувате расположение и инспирација и несомнено ќе се претворите во магнет за очите на сите околу вас.
Шармантната модна блогерка од www.songofstyle.com е совршен пример за тоа како се комбинираат одделни бои и преку тоа се постигнува уметничка модна симфонија, идеална за есенските денови.
Спектакуларната блуза може да се претвори од најдобар обичнен изглед во вистинско ремек-дело, а нејзиното комбинирање со фармерките предизвикува воодушевувачки урбан шик кон целокупниот стајлинг.
Кожна јакна од Michael Kors
Блуза од Equipment
Обувки од Joe’s Jeans
Фармерки од Charles Philip