Есенски трендови во шминкањето

Со завршувањето на летната сезона се менуваат и трендовите кај шминката, а тоа значи дека ведрите весели бои остануваат длабоко во козметичкиот несесер, а темните зелени, кафени и црвени нијанси доаѓаат во прв план.

Темно црвено руменило

Есенва нанесувајте потемни нијанси на црвено руменило со што се постигнува романтичен драмски ефект. Единствено се препорачува кога користите црвено руменило, шминката на останатите делови од лицето да биде поумерена.

fall-makeup-ideas-ourfazinali-600x600

Кафени зачадени очи

Ваков изглед на очите може да добиете со придржување на следните чекори: долж внатрешните страни на трепките нанесете кафено моливче, потоа со четкичка со средна големина нанесете од трепките до половина капак сенка во кафена боја. На крајот целата површина на очниот капак обојте ја со сенка во камено-огнена бронзена нијанса.

Зелена сенка

Богата, секси-нијанса на зелена боја може да се види на ревиите на познатите дизајнери, како на ревијата на Џејсон Ву на која моделите беа нашминкани токму во оваа боја. Кога на капаците ќе ставите сенка со зелена боја, на трепките нанесете црна маскара и ќе постигнете одличен ефект.

fall-makeup-ideas-pala_foxxia2-600x600

Црни мачкасти очи

Четвртиот моден тренд во шминкање не е за срамежливите. Со црно моливче нацртајте го саканиот облик, а потоа контурите пополнете ги со црна сенка. За умерена верзија ќе ви послужи и црн туш.

Златни детали

Деликатната шминка со златен сјај на очите или образите е вистински моден хит оваа сезона. Под очите може да нанесете малку сенка во златна боја, а на капаците сенка во бело-златна боја. Руменилото во златна боја нека ги краси вашите јаболчници. Најсветлата боја која може да се користи е крем, додека најтемната е бронзената боја.

fall-makeup-ideas-dylsxmakeup-600x600

Очи во кобалт-сина

Користете водоотпорна сина маскара. Изгледот ќе биде целосен со користење на туш во кобалт-сина боја со која ќе направите остри, тенки линии на капаците.

Светли мат усни

Есенва усните нека бидат во светли и мат нијаси. Вишокот кармин отстранете го со хартија и потрудете се вашите усни да изгледаат суво.

fall-makeup-ideas-chrisspy2-600x600

Совршено чиста кожа

Никој од нас нема совршен тен, но недостатоците на кожата на лицето може успешно да се прикријат. Советот е да користите течна пудра без сјај и пигмент. Нанесете ја на надворешните агли на очите и долж јаболчниците.

Негувани веѓи

Најважно е веѓите да ја пратат линијата на вашите очи, и да не бидат премногу тенки. Во мода се подебели веѓи, па затоа заборавете на пинцетите и набавете си моливче за веѓи.

fall-makeup-ideas-auroramakeup-600x600

- Реклама -