Трендови: Есенски бои

За навистина да се облекувате во модниот дух на одредена сезона, не е доволно само да знаете кои парчиња облека се тренди, туку и да се запознаете со боите што ќе ја обележат.

Всушност, бојата е одличен начин да ја надградите вашата гардероба, а тргнувајќи од смели живописни бои, до нежни природни тонови, претстојната есен опфаќа колоритна палета што ќе може да ги задоволи речиси сите вкусови. Collegefashion ги издвојува најактуелните есенски бои, а паралелно со нив набројува и повеќе парчиња облека и модни додатоци, со кои бојата ќе изгледа навистина шик.

Крвавоцрвена

Веселите портокалови тонови се доминантни летово, но во претстојната есенска сезона најактуелната боја е малку помрачна и темпераментна, Крвавоцрвената е длабока и богата боја што асоцира на вино, а покрај тоа што ќе ја обележи претстојната есен, ќе доминира и во зимската сезона. Бојата е доволно моќна за самостојно да доминира во комбинација, па носете ја со неутрални бежови ноти, за лежерен есенски изглед.

Розова

Иако розовата боја обично се поврзува со пролетните парталчиња, Пантоне предвиде две розови нијанси во нивната листа со тренди есенски бои. Станува збор за нијансите Pink Flambe и Rose Smoke, кои се дијаметрално спротивни. Имено, првата е јака и интензивна, а втората е нежна и смирена, па така, независно дали сакате нешто ексцентрично или романтично, розовите парчиња добро ќе се вклопат во вашиот есенски плакар.

Кобалт

Слично како и со крвавоцрвената, така и бојата на кобалт е уште една моќна и мрачна боја што ќе ја обележи есенва. Ова светла кралскосина боја е префинета и тренди, па може да ја комбинирате со црна за софистициран изглед, или, пак, да ја носите со други јаки бои, како жолта или фуксија за трендовски печат.

Зелена

Носењето повеќе нијанси на зелено е апсолутен хит во последните неколку месеци, повторно поради Пантоне, и нијансите Ultramarine Green и Bright Charteuse. Исто така, на модните писти и во продавниците ширум светот наголемо се бележат парчиња во маслинестозелена боја, благодарение на популарниот војнички трендови.

Бела

Конечно, ниту една листа со трендовски бои не би била комплетна ако не поседува барем една неутрална боја, а за претстојната сезона тоа е белата. Така, пронајдете топли есенски и зимски парчиња како елегантен капут или јакна и удобен плетен џемпер.

- Реклама -