Оваа сезона виолетовата боја успеа да инспирира многу дизајнери, кои во своите најнови колекции го претставија своето доживување на оваа боја. Така истата може да се види во различни комбинации и стилови. Во зависност од изборот виолетовата може да ви даде нота на елеганција, но и комотност.
Виолетовата боја ќе го освежи комплетниот изглед и ќе ја разбие монотонијата во чекорењето, а може да биде совршен избор како за дневните, така и за вечерните комбинации. Меѓу дамите е омилена, затоа што пружа едновремено отменост и гарантира атрактивен изглед, безразлика на стилот.
Акцентот е ставен на фустани со лила тонови, од разлеани, до кратки, со висока половина и деколте кое ја истакнува фигурата. Незаобиколен останува и есенскиот капут кој изгледа доминантно во секоја комбинација. Модерни се и џемперите во виолетови тонови, како и елегантните кошули од свила.