Home 365 Денес ESA ќе копа руда на Месечината најдоцна до 2025-та?

ESA ќе копа руда на Месечината најдоцна до 2025-та?

0
ESA ќе копа руда на Месечината најдоцна до 2025-та?

Европската вселенска агенција (ЕSA) има големи планови за Месечината. Агенцијата потпиша договор со компанијата производител на вселенски ракети – Ariane, која ќе треба да го проучи теренот и да подготви мисија за вадење реголит (ака. Месечев камен). ESA планира тоа да го оствари најдоцна до 2025 година.

Реголитот ја прекрива целата површина на Месечината, до длабочини од најмалку 3.5 метри. Со негова преработка може да се добие кислород, вода и гориво.

Многу од вселенските агенции веруваат дека рударењето на Месечината ќе биде клучно за воспоставувањето на постојана или постојани месечеви бази или колонии, кои потоа би можеле да бидат појдовна точка и кон подалечни дестинации во вселената, пред сé Марс.

„Употребата на вселенски ресурси може да биде клучот за одржливи лунарни истражувања, а оваа студија е дел од сеопфатниот план на ESA да ја направи Европа партнер во тоа истражување“, вели Дејвид Паркер, еден од директорите на Агенцијата.

ArianeGroup – европскиот конзорциум за вселенски истражувања и развој на ракети, објави дека во мисијата нема да биде вклучено испраќање на луѓе на Месечината. Ќе биде испратена роботска опрема.

„Оваа година одбележуваме 50. годишнина од првите човечки чекори на Месечината, а ArianeGrpup затоа ќе ги поддржува сите постоечки и идни европски проекти, со цел Европа да има независен и суверен пристап до вселената“, вели првиот човек на компанијата – Андре-Хуберт Русел.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here