Ерупција на вулкан снимена со помош на дрони

Приближете се до мониторот, пуштете го видеото на цел екран и гледајте. Спектакалот е неверојатен – никој апокалиптичен филм не може да се спореди со вистинското нешто, а тешко дека ќе имате друга можност да сте толку блиску до ерупција на вулкан.

Краткото видео е снимено од Шон ОКалахан со помош на радио контролиран дрон DJI Phantom. Вулканот е Јасур и се наоѓа на островот Тана во Тихиот Океан. Според верувањата на локалните, душите на починатите остануваат заробени во вулканот после нивната смртта. Гледајќи овие кадри не е тешко да се замисли зошто мислат така.

Еве уште едно видео, овој пат од Курт Рол. Тој го користел истиот дрон, и успеал да побегне неповреден по снимањето.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -