Ерменија одби на нејзина територија да се одржат руски воени вежби, разочарана од тоа како Русија „ѝ ја гарантира безбедноста“

Ерменија одби да биде домаќин на воена вежба во 2023 година на алијансата предводена од Русија. Одлуката е резултат на незадоволството на Ереван од односнот на Москва околу важната рута за снабдување на енклавата Нагорно-Карабах.

Ерменија изминатиот период покажува сѐ поголема нетрпеливост кон својот сојузник, Русија, обвинувајќи ја дека не одговара на провокациите на Азербејџан во однос на Нагорно-Карабах.

Земјата смета дека не е соодветно оваа година да се одржи воена вежба на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ, aka. CSTO) и вежбата нема да се одржи, изјави премиерот Никол Пашинјан, додавајќи дека веќе ја известил алијансата, во која членуваат неколку поранешни советски републики.

Прочитајте и:  Русија го преименуваше „Одделот за паневропска соработка“ во „Оддел за европски проблеми“
EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN POOL

Организацијата не ги осуди/осудува дејствијата на Азербејџан, а Русија не ја исполни/исполнува својата задача ‘гарант на ерменската безбедност’, подвлече Пашинјан.

„Ерменија очекуваше специјални акции од руските и другите партнери во областа на безбедноста. Но, на Ереван му беше кажано дека границите на Ерменија и Азербејџан не се утврдени“, рече ерменскиот премиер.

Извор: МИА

- Реклама -