Славниот англиски клуб Нотингем Форест, двократниот европски шампион (1979, 1980), а сега второлигаш, се обидува на местото тренер да го постави Швеѓанецот Свен Горан Ериксон кој беше селектор на Гордиот Албион од 2001 до 2006 година.
Шведскиот тренер со пофални зборови се изрази за проектот на новиот сопственик, кувајтскиот бизнисмен Фаваз ал Хасави.Така меѓутоа не мислеше Хари Реднап, довчерашниот тренер на Тотенхем, кој ја одби понудата да стане менаџер на амбициозниот клуб.
Свен Горан Ериксон последен пат седеше на тренерска клупа во Лестер предминатата сезона, а претходно беше менаџер и на Манчестер Сити.